Слика или илјада зборови? Ерупција на вулкан стана позадина за свадбените фотографии
Порано оваа година, еден од најактивните вулкани на Филипините силно еруптираше. Но, тоа не ги спречи парот Чино Вафлор и Кат Баутиста Паломар да продолжат со нивната венчавка
Свадбениот фотограф Рендолф Еван изјави за Би-Би-Си дека нема поим дека нешто ќе се случи. „Забележавме дека излегува бел чад од Таал за време на подготовките околу 14 часот и оттогаш знаевме дека нешто необично се случува со вулканот“, рече тој.
Местото на венчавката беше на само 10 км од вулканот , но Еван рече дека сите чувствуваат дека се „дефинитивно безбедни бидејќи локацијата е на повисоко место, а не директно во близина на вулканот“. Еван продолжи со снимањето и ја искористи ерупцијата на вулканот како позадина за многу фотографии од церемонијата. Не само што се одржа венчавката, туку и забавата.
Исто така види: 10 пејзажни фотографи што треба да ги следите на ИнстаграмЕван е професионален фотограф на венчавки осум години. „Тоа е мешавина од емоции и огромна стравопочит. Благодарен сум што имав таков уникатен момент во мојата кариера.“
Исто така види: Краткиот живот на глувците за жетва во Велика БританијаЕруптира вулканот Таал на Филипините